Lifestyle
Адетокунбо почна да тренира со грчката репрезентација
17.08.2025г
Големата НБА-ѕвезда, Јанис Адетокунбо доби дозвола да тренира со репрезентацијата. Грчкиот репрезентативец вчера се приклучи на тренинзите на националниот тим.
Како што изјави селекторот Василис Спанулис, Адетокунбо почна да тренира со останатите свои соиграчи и сега се подготвува за своето деби со репрезентацијата ова лето.
Претходно, на Антетокумпо не му беше дозволено да тренира со тимот поради доцнење во добивањето писмена дозвола од Милвоки.
Се очекува Јанис да го има своето деби во првиот натпревар од годишниот турнир Акрополис против Летонија в среда (20 август).
Грција ќе игра против Италија (22 август) и Франција (24 август) пред Евробаскетот, кој започнува на 27 август.
Фото: ЕПА