Lifestyle

НАЈГОЛЕМИОТ СВЕТСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА СУПЕРЈАХТИ СЕ НАОЃА ВО ЕВРОПА!

Во 2024 година Холандија беше најголемиот светски производител на долги суперјахти, а минатата година беа произведени седум луксузни бродови подолги од 80 метри, објави холандската банка ABN Amro во својата најнова анализа. Речиси 70 проценти од јахтите изградени во Холандија се дизајнирани и изградени според желбите на клиентот.

Во истражувањето на банката се вели дека глобалната продажба на суперјахти се намалила во последните години, а на тоа влијаела и глобалната состојба од почетокот на војната во Украина, дека сега се чини дека се враќа на нормално ниво.

Во последниве години, сè поголем број бродоградилишта почнаа да градат суперјахти без претходно да имаат купувач, а пазарот се префрли и од традиционални милијардери кон американски технолошки милијардери кои бараат авантура и планираат да одат на места како Антарктикот, поради што купуваат поголеми јахти кои се погодни за оддалечени области.

Секоја јахта подолга од 24 метри се смета за суперјахта, а клиентите избираат холандски градители на јахти поради нивната експертиза во дизајнот по мерка, иновациите и изработката, пренесува Б92.

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано