Lifestyle

ИСТРАЖУВАЊЕ: ПАТУВАЊЕТО СО ВОЗ ВО ЕВРОПА Е ПОСКАПО ОД ЛЕТАЊЕТО СО АВИОН!

Патувањето со воз меѓу европските градови, иако е поеколошки, честопати е поскапо од летањето со авион, покажа студија на еколошката организација „Гринпис“.

Еколошката организација ги спореди цените на билетите на 142 рути долги до 1.500 километри. На 66 од нив, или речиси 47 проценти, железницата беше поскапа од воздушниот сообраќај.

Воздушниот сообраќај беше поевтин на 54 проценти од 109-те прекугранични рути опфатени со студијата.

Кога се вклучени 33-те домашни рути, железницата остана поевтина опција во 46,5 проценти од сите случаи, додека на седум проценти од рутите цените беа слични, соопшти „Гринпис“.

Еколошката организација повика на воведување повисоки даноци на летовите и создавање подобри услови за патниците со железница.

Експертот за транспорт на „Гринпис“, Лена Донат, рече дека е неправедно што подолгите железнички патувања се скапи, додека воздушниот сообраќај е силно субвенциониран со даночни ослободувања.

Патувањето со воз е еколошки и затоа секогаш треба да биде поевтино од летањето, истакна Донат.

Анализата не ги вклучуваше надоместоците за багаж, кои авиокомпаниите често ги наплаќаат, ниту семејните попусти што понекогаш ги нудат железничките компании, пренесува Пословни дневник.

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано