Lifestyle
Кои се сигналите дека работникот се соочува со „тивок отказ“!
23.08.2025
Експертите за човечки ресурси и за менаџмент во своите истражувања составиле список на јасни знаци дека некое лице станало цел на тивко отпуштање. Тивкото отпуштање од работа е практика во која шефовите ги прават условите за работа толку непријатни за непосакуваниот вработен што лицето одлучува сам да си даде отказ.
Во анкетата на HRTech од 2025 година на над 1.000 американски менаџери, 53% од нив признале дека користат тактики на тивко отпуштање.
Ако наеднаш се одземат и неколку важни работни задачи и се предадат на друг, тоа е знак дека вашиот менаџер се обидува да ја затвори можноста за натамошен професионален развој на работникот.
Постои и спротивни методи кога на работникот му се даваат тривијални работни обврски, што најчесто е под нивото на квалификациите на лицето кое е цел на „тивок отказ“. Тогаш, работникот е незадоволен и принуден е самиот да замине од фирмата.
- Изоставањето од редовните комуникации со вработените и планирањето нови иницијативи во фирмата е најголемиот знак дека сте тивко отпуштени, изјавија експертите за USA Today.
Давањето на минимални или никакви коментари за квалитетот на вашата работа јасно покажуваат дека менаџментот не ве гледа како личност која треба да придонесе за иднината на компанијата.
Експертите велат дека постојат неколку причини зошто некои од менаџерите применуваат методи на „тивок отказ“: со тоа го намалуваат ризикот од тужби за неправедно отпуштање и избегнува отпремнини. Исто така, во хибридниот свет на работа во последниве години, на многу менаџери им недостасува обука и искуство за да водат искрени и тешки разговори со вработените.
Советот на експертите до работниците во вакви случаи е дека „тоа не е крај на кариерата“, но и да не се откажуваат ако почустуваат знаци на тивко отпуштање и директно да се разговара со менаџерот. Препораката е да се зачува евиденцијата и комуникацијата со претпоставените во фирмата, пренесува Бизлаив.