Економија

Во Македонија потрошувачката на природен гас е намалена за над 50 отсто

Произведената електрична енергија во јуни 2025 година е поголема од потрошената, односно вкупната бруто-произведена електрична енергија изнесува 333 640 MWh, што претставува 12,5 % повеќе од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, објави Државниот завод за статистика.

Во јуни 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 
296 651 МWh електрична енергија,

8.334 милиони nm3 природен гас,

357 500 тони јаглен и   

101 113 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 100 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99,9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Главни поенти

Во јуни 2025 година во однос на јуни 2024 година:

•    Потрошувачката на природен гас е намалена за 54,9 %, како резултат на намалената активност на когенеративните постројки

•    Потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 9,5 %

 

ПРЕПОРАЧАНО