Економија
СЛУЧАЈ „АВСТРИСКИ ДОДАТОК НА ЦЕНИ“, ист австриски производ е поскап во Виена отколку во Берлин
25.08.2025
Потрошувачите во Австрија се соочуваат со повисоки цени отколку во Германија, дури и кога овие производи се произведуваат во самата Австрија. Еден од очигледните примери е традиционалната австриска вафла која се произведува во Виена. Во Австрија, цената на овој производ е 3,99 евра, додека во германските продавници е значително пониска, само 2,49 евра.
Овој пример не е изолиран, туку е присутен и за други производи, а оваа појава во Австрија се истакнува како поширок проблем познат како „австрискидодаток на цени“, каде што идентичните производи се значително поскапи во Австрија во споредба со Германија, пренесува Еуроњуз.
Австриското Министерство за социјални работи и заштита на потрошувачите потврди дека е поднесена тужба против четирите најголеми малопродажни синџири во земјата поради сомнителни попусти.
Тужбата е поднесена во име на државата од страна на Здружението за информирање на потрошувачите (VPI), а причината се наводни неправилности за време на акциите за намалување на цените.
Според австрискиот Закон за означување на цените, кој исто така ги следи европските прописи, трговците се должни да ја прикажат најниската цена од претходните 30 дена како основа во случај на попуст.Од 2022 година, правилата за попуст диктираат дека тие мора да се базираат на најниската цена во изминатите 30 дена.