Lifestyle

ДАЛИ ЖИВЕЕМЕ ВО ПОТРОШУВАЧКАТА ЕРА? дигиталната економија и постојаното купување стана начин на градење на личниот идентитет

Дигиталната економија и бескрајните витрини на социјалните мрежи го направија купувањето секојдневна навика, но и симбол на современиот живот. Современиот свет влезе во фаза што социолозите и економистите ја нарекуваат потрошувачка ера. Toa e период во кој потрошувачката, а не производството, станува главен двигател на општеството и економијата. Во минатото, вредноста се мереше според она што човекот го прави или придонесува, денес сè повеќе зависи од тоа што купува, користи и покажува пред другите.

Шопингот повеќе не е само потреба - тоа стана начин на кој го градиме нашиот идентитет. Луѓето сè повеќе се дефинираат според брендовите што ги носат, автомобилите што ги возат, дестинациите што ги посетуваат и технологијата што ја користат. Дури и она што го нарекуваме „минимализам“ или „одржлив живот“ честопати се претвора во потрошувачки тренд - специјални апликации, производи од рециклирани материјали, „еко-брендови“. Затоа, алтернативните начини на живот исто така стануваат продажни добра. 

Интернетот и социјалните мрежи отворија бесконечен прозорец. Алгоритмите секојдневно нè туркаат кон нови желби и потреби што ги немавме порано. Сè е достапно со еден клик, а платформите како го направија купувањето да престане да биде приватна работа - тоа е јавна изведба, начин на покажување статус и вкус. 

Парадоксот на потрошувачката ера е во тоа што колку повеќе трошиме, толку повеќе сакаме. Краткорочното чувство на задоволство брзо исчезнува, па затоа е потребна нова набавка за да се пополни празнината. Економијата го користи ова, бидејќи постојаното барање на „новото“ го одржува растот и профитот, но прашањето е какви долгорочни последици остава за општеството, менталното здравје и животната средина.

Клучното прашање е: дали сме повеќе потрошувачи отколку граѓани во оваа ера? Накратко: живееме во време кога потрошувачката стана и навика и статусен симбол, пренесува Бизнис и финансии.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано