Инвестициите во проекти за обновлива енергија во Соединетите Американски Држави се намалија за 36 проценти во првата половина од 2025 година, поради промените во политиката на Белата куќа што ги зголемија ризиците и ја намалија довербата на инвеститорите.
Според податоците, инвестициите се намалени за 20,5 милијарди долари во споредба со претходните шест месеци, додека вкупните инвестиции во проекти за ветерна и соларна енергија се намалија за 18 проценти во споредба со истиот период минатата година, објавува Банкар ме.
Најголем пад забележа енергијата на ветерот за 67 проценти во споредба со минатата година, а ниту еден проект за ветерна фарма на море не успеа да обезбеди финансиер, пренесува Енергетика.ба.