Lifestyle

ИЗНАЈМУВАЊЕ ОБЛЕКА ЗА ПОСЕБНИ ПРИГОДИ И БИЗНИС СОСТАНОЦИ, нов концепт кој се шири низ светот

Наместо кон традиционалното купување сè повеќе потрошувачи низ целиот свет се одлучуваат за изнајмување облека, не само поради мода, туку и поради практичност и екологија. Овој концепт е веќе популарен во Соединетите Американски Држави, а сега се шири во Азија и Европа. Многу луѓе избираат да позајмуваат облека за посебни пригоди или дури и за секојдневно носење.

Овој тренд бележи значителен раст во последниве години, особено кај помладите генерации кои се свесни за еколошките предизвици и сакаат да ја намалат прекумерната потрошувачка. Во исто време тие можат да бидат во чекор со најновите модни трендови, без да трошат пари на парчиња што излегуваат од мода по една сезона. Тоа им дава можност за експериментирање со различни стилови без големи инвестиции.

Платформите за изнајмување нудат широк избор, од вечерни фустани и деловни костуми до секојдневна гардероба и модни додатоци.

Идејата е едноставна: плаќајте само за она што го носите, кога ви е потребно. Еколошкиот аспект е исто така силен мотив.  Според Обединетите нации, модната индустрија е одговорна за околу 10% од глобалните емисии на јаглерод диоксид, пренесува Блиц.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано