Економија
АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА СЕ ОПОРАВУВА, РАСТ ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ
28.08.2025
Во вториот квартал од оваа година, бруто домашниот производ на САД порасна за 3,3 проценти, што покажува дека економијата се опоравила од пад од 0,5 проценти во првиот квартал предизвикан од последиците од трговските војни на претседателот Доналд Трамп.
Ова денеска го објави Министерството за трговија, кое првично го процени растот во вториот квартал на три проценти, објавува Бета.
БДП се намали во првиот квартал, главно поради наглиот пораст на увозот, бидејќи бизнисите брзаа да увезуваат странска стока пред да стапат во сила новите царини на Трамп.
Тој тренд, како што се очекуваше, се смени во вториот квартал, кога увозот се намали за 29,8 проценти, пренесува Бизнис.рс.