Економија

ЗАЛИХИТЕ ЈА СМИРУВААТ ИНФЛАЦИЈАТА ВО САД, незначителен раст на потрошувачката

Потрошувачката во САД се зголеми за 0,5 проценти во јули, додека базичната инфлација се забрза поради воведувањето царини за увезена стока, што ги зголеми цените на одредени производи. Министерството за трговија на САД објави дека растот на потрошувачката во јуни, претходно проценет на 0,3 проценти, е ревидиран нагоре на 0,4 проценти. Потрошувачката сè уште е поддржана од ниските отпуштања и растот на платите, но царините воведени од американскиот претседател Доналд Трамп ги зголемуваат трошоците за бизнисот, па затоа работодавците се претпазливи и помалку склони кон вработување, објавува Ројтерс.

Во просек, во последните три месеци, се создавале 35.000 нови работни места месечно, додека во истиот период минатата година тој број изнесувал 123.000. Анкетите  покажуваат дека поголем број на Американци веруваат дека е „тешко да се најде работа“, а оваа „расположение“ кај граѓаните е  највисокото ниво за четири и пол години.

Претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, веќе навести за можноста за намалување на каматните стапки на состанокот на 16 и 17 септември, предупредувајќи на ризици на пазарот на трудот, иако истакна дека инфлацијата е сè уште проблем.

Референтната каматна стапка на Федералните резерви од декември е во опсег од 4,25-4,50 проценти. Ефектите од царините врз инфлацијата засега се делумно ублажени, бидејќи компаниите ги трошат залихите стекнати пред нивното воведување и самите ги сносат дел од трошоците, но економистите очекуваат тоа наскоро да се промени, пренесува Бизнис.рс. 

ПРЕПОРАЧАНО