Lifestyle

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ГИ ПОГОДУВА РАБОТНИТЕ МЕСТА НА МЛАДИТЕ

Ширењето на вештачката интелигенција веќе влијае на пазарот на труд во САД, а младите луѓе се најтешко погодени. Според студијата објавена оваа недела од Универзитетот Стенфорд, работните места се најпогодени од вештачката интелигенција се оние поврзани со услугата за корисници, која во голема мера е автоматизирана во последните години.

Во областа на развојот на софтвер, вработеноста во возрасната група од 22 до 25 години е намалена за 20 проценти од крајот на 2022 година, пренесува ДПА.

Севкупно, во секторите најизложени на вештачката интелигенција, вработеноста кај младите луѓе на возраст од 22 до 25 години е намалена за околу шест проценти, додека во индустриите кои не се конкретно поврзани со вештачката интелигенција, вработеноста во оваа возрасна група е зголемена за девет проценти. 

Студијата откри дека бројот на постари работници е зголемен дури и во секторите каде што вештачката интелигенција игра значајна улога, што укажува дека вештачката интелигенција не може да ги замени годините искуство.

Во индустриите каде што вештачката интелигенција не може да ги преземе сите задачи, туку може само да помогне, како што е здравствената заштита, вработеноста е зголемена и во сите возрасни групи.

Анализата се базира на податоци од американската компанија ADP, која покрива  3,5 до 5 милиони вработени со полно работно време. Таа се фокусира на влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот, а истражувачите велат дека резултатите би можеле да бидат под влијание и на пост-коронавирусните прилагодувања и економските услови, објави Сеебиз.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано