Економија

ДЕВЕТ ОТСТО ЕВРОПЕЈЦИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ОБРОК СО МЕСО, РИБА ИЛИ ВЕГЕТАРИЈАНСКА ХРАНА

Во 2024 година, 8,5 проценти од населението на Европската Унија не можеше да си дозволи оброк што содржи месо, риба или вегетаријанска алтернатива секој втор ден.

Ова претставува намалување од еден процентен поен во споредба со 2023 година, кога тој удел изнесуваше 9,5 проценти, објави Европскиот завод за статистика (Евростат).

Уделот беше значително поголем кај луѓето кои се изложени на ризик од сиромаштија  дури 19,4 проценти, во споредба со 6,4 проценти кај оние кои не се изложени на ризик.

На национално ниво, највисок процент на луѓе изложени на ризик од сиромаштија кои не можат да си дозволат соодветен оброк е забележан во Словачка (39,8 проценти), по што следат Бугарија (37,7 проценти) и Унгарија (37,3 проценти). Од друга страна, најниски удели се забележани во Кипар (3,5 проценти), Ирска и Португалија (двете земји по 5,1 процент).

Способноста да се обезбеди оброк со месо, риба или вегетаријанска алтернатива секој втор ден е еден од индикаторите што се следат на ниво на домаќинство за да се пресмета стапката на тешка материјална и социјална депривација.

Овој индикатор е дел од поширока метрика што го мери ризикот од сиромаштија или социјална исклученост, пренесува Бизнис.рс.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано