Lifestyle
ПРЕКИНАТА ИСПОРАКА НА ПОШТЕНСКИ ПРАТКИ СО МИЛИОН ЛАЖНИ ЕВРА, ДОЛАРИ И ФУНТИ, во заедничка акција на европската полиција
31.08.2025
Европол ја поддржа заедничката операција на полицијата и судските власти, со која е прекината на дистрибуцијата на фалсификувани пари преку поштенски пратки. За време на акцијата, беа пресретнати речиси милион парчиња лажни пари: евра, американски долари и британски фунти, со вкупна проценета вредност од повеќе од 66 милиони евра, пишува „Вечерњи лист“.
„Успехот на операцијата е резултат на одличната соработка меѓу надлежните органи од 18 земји, што им помогна на истражителите подобро да ги разберат методите на работа на криминалните групи и шверцерските патишта. Благодарение на заедничките напори, операцијата отвори 102 нови истраги фокусирани на криминални мрежи вклучени во перење пари“, известува полицијата.
За време на операцијата, беа запленети вкупно 297 пратки што содржеа фалсификувани пари. Пресретнати беа повеќе од 990.000 лажни банкноти и монети, со над 280.000 евра, 679.000 американски долари и 12.000 британски фунти, пишува „Пословни дневник“.