Lifestyle
Најопасната плажа е во Флорида со регистрирани 277 напади од ајкули, според студијата на американската агенција
31.08.2025
Плажите во Флорида се меѓу 10-те американски плажи со најголем број напади, според студијата на Агенцијата за временска прогноза на САД.
Истражувањата покажаа дека плажата Нова Смирна во Флорида е на врвот на листата со 277 напади од ајкули во периодот до 2024 година, објавува Фокс њуз.
Рајан Бландел, основач на Агенцијата за временска прогноза, изјави дека многу пливачи не се свесни за опасностите веднаш до брегот на некои плажи во Флорида, но тој нагласи дека луѓето не треба да паничат.
- Концентрацијата на напади од ајкули по должината на брегот на Флорида е зачудувачка, особено плажата Нова Смирна како глобално жариште за блиски средби со ајкули. Многу луѓе не се свесни дека одредени плажи претставуваат значително поголем ризик од другите кога станува збор за активноста на ајкулите, рече Бландел, додавајќи дека статистичките податоци не треба да ги спречуваат луѓето да уживаат во океанот.
Истражувањето наведува дека разбирањето на моделите и однесувањето на ајкулите може да им помогне на посетителите на плажата да донесат побезбедни одлуки за тоа каде и кога да влезат во вода, пренесува Еуроњуз.