Економија
ТРАМП: Без царините за увоз САД би била целосно уништена!
01.09.2025
Без увозните тарифи што донесоа повеќе милијарди долари во Соединетите Американски Држави, земјата би била целосно уништена, а нејзината воена моќ во моментов е девалвирана, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, како одговор на одлуката на федералниот апелационен суд дека повеќето од царинските мерки што ги вовел се нелегални.
Американскиот апелационен суд пресуди дека Трамп немал овластување сам да воведува големи трговски тарифи и ги прогласи повеќето од нив за неосновани. „Законот му дава на претседателот значително овластување да преземе различни мерки како одговор на прогласена национална вонредна состојба“, се наведува во образложението на судот.
Сепак, Трамп ја отфрли пресудата и нагласи дека тарифите ќе останат во сила. „Овие мерки доведоа до повеќе од 15 трилиони долари инвестиции во нашата земја. Доколку радикално левичарскиот суд дозволи укинување на тарифите, речиси сите тие инвестиции би биле избришани, а Америка би станала земја од третиот свет без надеж за величина“, рече американскиот претседател.
Тој додаде дека сите претходно воведени тарифи за увоз од други земји ќе останат во сила, и покрај одлуката на апелационен суд, пренесува Сеебиз.