Економија

Намален бројот на работници во македонската индустрија

Бројот на работниците во индустријата е намален за 3,8% во јули 2025 во однос на јули 2024 година, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се намалил за 2,4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4,0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1,9 %, Капитални производи за  8,8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,8 %, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 9,6 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3 %.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, се намалил за 4,0 %.

Главни поенти

Бројот на работниците во индустријата во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се намалил за: 

  •  2,4 % кај рударство и вадење на камен
  •  4,0 % кај преработувачка индустрија
  •  0,5 % кај снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано