Lifestyle

Викендов во Солун Меѓународен натпревар во брзо местење на Рубикова коцка

Над 70 учесници од шест земји меѓу кои и Македонија ќе учествуваат на првиот Меѓународен натпревар speedcubing, односно брзо местење на Рубикова коцка што следниов викендов ќе се одржи во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Домаќин и поддржувач на натпреварот е општина Солун, а зад целата идеја и реализација стојат тројца ученици од грчко средно училиште.

Од општина Солун соопштија дека во саботи и недела градот ќе биде „епицентар на интелектуален спорт, домаќин на „Thessaloniki Open 2025“ – Меѓународниот натпревар во брзо местење на Рубикова коцка“ и посочија дека над 70 учесници од Грција, Кипар, Англија, Албанија, Бугарија и Северна Македонија ќе се натпреваруваат во 14 различни категории.

- Зад реализацијата на настанот стојат средношколците Николас Баксеванис, Панајотис Христопулос и Николаос Куцивос. Тројцата ја презедоа целата организација на натпреварот, докажувајќи дека младешката креативност и љубовта кон интелектуалните спортови можат да доведат до реализација на проект од меѓународен размер, соопштија од општина Солун.

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано