Економија

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА СО РАСТ ОД 3,4 ОТСТО ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ

Бруто-домашниот производ порасна за 3,4% во второто тримесечје од 2025 година во однос на второто тримесечје од 2024 година

Стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2025 година е 3,4 % во однос на истото тримесечје од 2024 година, објави Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 7,3 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6,0 % и Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 3,9 %. 

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2025 година, номинално расте за 6,1 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 68,5 %.

Во истиот период извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 6,4 %, а увозот на стоки и на услуги исто така бележи зголемување во номинален износ од 7,3 %.

Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2025 година во однос на второто тримесечје од 2024 година е 3,2 %.

Главни поенти

Во второто тримесечје од 2025 година во однос на второто тримесечје од 2024 година:

•    Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) е 3,4 %

•    Бруто-инвестициите бележат пораст, главно, поради зголемувањето на бруто-инвестициите во основни средства 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано