Економија
И МЕКСИКО ПО ПРИМЕРОТ НА ТРАМП-воведување царини за увоз заради зајакнување на домашната индустрија
05.09.2025
Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум изјави дека нејзината влада размислува за воведување царини за увоз од земји кои немаат трговски договори со Мексико, вклучувајќи ја и Кина.
Тарифите би биле дел од „Планот Мексико“, иницијатива за зајакнување на домашната индустрија во услови на царини на американскиот претседател Доналд Трамп за одредени увезени стоки од Мексико, објави Ројтерс.
Шајнбаум не даде детали за тоа кои производи или сектори од споменатите земји би можеле да бидат засегнати кога ќе бидат воведени царините.
Мексико е вклучен во трговскиот договор со Соединетите Американски Држави и Канада (трговски договор САД - Мексико - Канада - USMCA), кој го замени Северноамериканскиот договор за слободна трговија во 2020 година, а кој беше договорен за време на првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп.
Спогодбата бара од трите земји да спроведат заедничка ревизија по шест години, пренесува Еуроњуз.