Економија

Закрепнувањето на германската економија ќе биде „поскромно“, ИФО ја намали прогнозата за економијата на Германија

Минхенскиот економски институт ИФО ја намали својата прогноза за економски раст на германската економија. Закрепнувањето на економијата најавено за следната година ќе биде, поскромно од очекуваното, објавија од ИФО.

За оваа година, ИФО очекува минимален раст на БДП од 0,2 проценти, што е за 0,1 процент помалку од очекуваното ова лето.

Бројот на невработени може да се зголеми за 155.000 луѓе, а вкупната стапка на невработеност на 6,3 проценти. Економистите ја намалија прогнозата за економски раст во 2026 година за 0,2 процентни поени, на 1,3 проценти, пренесува Бизнис.рс.

 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано