Економија
НА ПАЗАРОТ ИМА ПРЕГОЛЕМА ПОНУДА НА НАФТА, цените се на најниско тримесечно ниво
05.09.2025
Цените на нафтата од типот Брент денеска паднаа на околу 65,5 долари за барел, што е најниско ниво во последните три месеци, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) падна на 62 долари за барел. Овој пад на цената на нафтата е поради сè пообилната понуда и неизвесната побарувачка.
Се појавија повеќе вести што сугерираат дека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК Плус) ќе продолжи да ги зголемува своите квоти за производство на нафта пред состанокот овој викенд.
Таквото зголемување на производството би се совпаднало со пазарот на нафта кој веќе е преоптоварен со големо производство од земјите кои не се членки на OPEC и пад на побарувачката меѓу најголемите потрошувачи на гориво во светот.
Податоците од американската Администрација за енергетски информации (EIA) покажаа дека залихите на нафта во САД неочекувано се зголемија за 2,4 милиони барели во последната недела од август, пренесува Политика.