Економија
ЗАБАВУВА ВРАБОТУВАЊЕТО ВО САД, сите очекувања се свртени кон одлуката на ФЕД за пониски камати
05.09.2025
Отворањето на нови работни места во САД се намали во август, како продолжение на слабеењето на пазарот на трудот. Најновите податоци ги „насочуваат“ во ФЕД на патот за широко очекуваното намалување на каматните стапки на средината на овој месец.
Бројот на вработените во неземјоделскиот сектор се зголеми за само 22.000 во август, додека стапката на невработеност се искачи на 4,3%, објави денеска Бирото за статистика на трудот. Очекувањата на економистите беа за проектираното зголемување од 75.000 работни места.
„Пазарот на трудот го губи интензитетот, а августовскиот извештај, заедно со надолните ревизии од проекциите за вработувањето, сугерираат дека се упатуваме кон турбуленции без меко слетување“, велат економските аналитичари во САД.
Иако темпото на вработување во САД беше бавно, просечната заработка по час се зголеми за 0,3% за август.
Вработувањето беше оптоварено од падот на бројот на работници во федералната влада, која објави отпуштања на 15.000 административци.
Секторот за здравствената заштита повторно беше најголемиот вработувач со 31.000 работни места, додека социјалната помош придонесе со 16.000. Трговијата на големо и производството забележаа пад од 12.000 нови работни места во однос на претходниот месец, пренесува Сеебиз.