Економија
Намалување на реалните приходи на домаќинствата во Европа
11.09.2025
Реалниот расположлив доход по глава на жител се намали во многу европски земји во првиот квартал од 2025 година во споредба со претходниот квартал. Меѓу најголемите економии во Европа, Велика Британија забележа најголем пад од 1,3%. Расположливиот доход на домаќинствата претставува вкупна сума пари што домаќинствата ги имаат на располагање за потрошувачка по одбивањето на даноците и придонесите за социјално осигурување. Во нив се вклучени: плати и надоместоци, приходи од самовработување и мали бизниси, пензии, социјални бенефиции и приходи од финансиски инвестиции. Според ОЕЦД, тоа е објективен индикатор за материјалниот квалитет на живот на домаќинствата.
Во првиот квартал од 2025 година, од 16-те европски земји за кои се достапни податоците, десет забележаа пад на реалниот доход на домаќинствата по глава на жител, додека во шест има раст. Најголем раст постигна Унгарија со 1,9% во споредба со претходниот квартал. Белгија има раст од 1,3%, а Данска и Италија по 1% .
Велика Британија и Германија забележаа пад на реалниот приход на домаќинствата по глава на жител со -1,3% и 0,4%, соодветно.
Португалија забележа најголем пад од дури 4,5%, поради зголемувањето на даночните обврски по претходното намалување на даноците поради промената на даночниот режим. Австрија (-2,1%), Грција (-1,9%) и Чешка (-1,5%) исто така претрпеа значителни падови. Шпанија, како една од петте најголеми економии во Европа, имаше мал пад од 0,2%.
Шведска (со -1,3%) и Финска (-0,4%) се меѓу земјите со пад на реалните приходи на почетокот на 2025 година.
Ирска имаше најголем скок - дури 7%, но нејзините податоци често се издвојуваат поради силните странски инвестиции, пренесува Инвеститор.ме.
Фото Економија и бизнис