Економија

НАЈВИСОКО НИВО НА БАРАЊАТА ЗА НАДОМЕСТОК ЗА НЕВРАБОТЕНОСТ ВО САД, растот на потрошувачките цени е над очекувањата

Цените што потрошувачите во САД ги плаќаат за разни стоки и услуги се зголемија повеќе од очекуваното во август, додека барањата за надомест за невработеност се забрзаа.Индексот на потрошувачки цени се зголеми за 0,4% во месецот, што е најголем пораст од јануари, а годишната стапка на инфлација изнесуваше 2,9%, што е зголемување од 0,2 процентни поени во однос на претходниот месец и највисока од јануари.

Министерството за труд објави изненадувачки пораст на неделните барања за надоместокот за невработеност кои достигнаа 263.000 за неделата што заврши на 6 септември, а тоа е над проценките од 235.000 и 27.000 повисоки од ревидираната бројка за претходниот период. Нивото на барања за надомест за невработеност беше највисоко за речиси четири години.

Новите економски индикатори ќе бидат разгледани од ФЕД на состанокот што завршува на 17 септември, пренесува Сеебиз.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано