Lifestyle

ЗОШТО ЈАПОНСКИТЕ РАБОТНИЦИ ДАВААТ ОТКАЗИ ПРЕКУ АГЕНЦИИ?

Во јапонската деловна култура, лојалноста на вработените кон фирмата во која работи е на високо ниво, па затоа за многу Јапонци, давањето отказ импретставува непријатност што сакаат да ја избегнат. Од 2017 година во Јапонија постојат агенции за отпуштање од работа, а оваа услуга чини околу 150 долари, односно како една поскапа вечера во ресторан, а за секое следно ангажирање се добиваат значителни попусти.

Во Јапонија луѓето се навикнати да работат за еден работодавач со децении поради убедувањето дека е „штета е да се напушти сигурна работа“, иако работните услови не се идеални.

Во Јапонија обично се работи 12 часа на ден и постои многу строга хиерархија што им дава на шефовите непропорционална моќ над другите вработени. Ова значи дека работникот мора да прави што и да побара шефот од него, со каков било тон или гест што ќе го побара. 

Давањето отказ може да биде непријатно, а понекогаш се случува шефот да го искине писмото за отказ и да го принуди вработениот да остане во компанијата, се разбира под уште полоши услови од порано.

Сепак, сè повеќе млади луѓе одлучуваат да дадат отказ од своите работни места. Тие се најбројната клиентела од неколку стотици агенции за отпуштање во земјата на изгрејсонцето. Бројот на клиенти на овие агенции драстично се зголеми по пандемијата, бидејќи тогаш луѓето кои работеа од дома сфатија колку е исцрпувачки да се биде во канцеларија цел ден и колку всушност е нарушена рамнотежата помеѓу нивниот приватен и деловен живот.

Една од попознатите агенции за две и пол години постоење, имале 350.000 онлајн консултации поврзани со давање известувања за отказ и поднеле оставки во 20.000 случаи. Околу 60% од неговите клиенти биле млади работници во нивните дваесетти и триесетти години, пренесува Бизнис и финансии.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано