Економија

ПОРАДИ НОВИТЕ ДАНОЦИ ГОЛЕМИ ТРГОВСКИ КУЌИ И МАРКЕТИ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СЕ ПОД ЗАКАНА ДА ЗАТВОРАТ

Над 400 најголеми продавници во Велика Британија, од супермаркети до стоковни куќи, би можеле да се соочат со затворање доколку владата продолжи со својот план за воведување повисока даночна категорија за деловни простории.

Драматично предупредување доаѓа од Британскиот конзорциум за малопродажба (BRC), кој истакнува дека оваа мерка би можела да има катастрофални последици за целиот малопродажен сектор.

Владата на Обединетото Кралство предложи воведување повисоки даночни  стапки за сите имоти чија проценета вредност надминува 500.000 фунти.

Намерата на оваа мерка е да се обезбеди трајно финансирање на даночните олеснувања наменети за помалите компании во малопродажниот и угостителскиот сектор.

Од БРЦ велат дека големите малопродажни синџири работат со екстремно мали маржи на профит и дека новиот данок би создал неодржлив притисок врз нив.

„Со оглед на ниските профити што постојат во малопродажбата, значителното зголемување на данокот за големите продавници би ги принудило да ги зголемат цените, да го намалат бројот на вработени или, во најлош случај, целосно да ги затворат своите врати“, се вели во соопштението на БРЦ.

Според анализата објавена од Ројтерс, затворањето на сите 400 засегнати продавници би можело да резултира со губење на до 100.000 работни места. Покрај тоа, локалните самоуправи би останале без повеќе од 100 милиони фунти годишни даночни приходи, што дополнително би ги оптоварило локалните буџети.

Министерката за финансии, Рејчел Ривс, треба да ги детализира своите планови за даночна реформа во својата буџетска изјава на 26 ноември, пренесува Б92.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано