Економија

ПАЗАРУВААТ НА ПОПУСТИ И НЕ ФРЛААТ ХРАНА, Германците ги менуваат навиките за трошење за храна и на инфлација од 2,2 отсто

Зголемувањето на цените на храната во Германија ги принуди многу луѓе да ги преиспитаат своите навики за трошење, според нова анкета за германската новинска агенција ДПА.

Повеќе од половина од испитаниците (57 проценти), изјавиле дека поради зголемувањето на цените, сопствените приходи ги трошат повнимателно.

Сега, околу половина од испитаниците одат почесто  во продавница кои даваат попусти отколку во супермаркет.

Дури 71 процент од луѓето кои го промениле начинот на купување сега обрнуваат поголемо внимание на промоциите и попустите отколку порано. Една третина купуваат поретко или помалку.

Сепак, малкумина сакаат да се откажат од свежи производи. Речиси 56 проценти изјавиле дека ги купуваат исто толку колку и порано, додека пет проценти изјавиле дека сега имаат уште повеќе од овие намирници во својата кошничка.

Особено е значаен фактот дека дури 84 проценти од потрошувачите кои ги промениле своите навики се повнимателни отколку порано да не фрлаат храна.

Тие се обидуваат да купуваат повнимателно, да ја користат преостанатата храна на нови начини, а речиси половина од нив имаат поголема веројатност да јадат храна со поминат рок ако изгледа добро.

Минатата година, стапката на раст на цените на храната беше само 1,4 проценти, додека оваа година повторно се зголеми и достигна околу 2,2 проценти во јули, пренесува Телеграф.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано