Lifestyle
Португалија најбарана дестинација за пензионирање!
16.09.2025
Повеќето од земјите кои се на листата на првите десет кои нудат најдобар живот за пензионерите, се наоѓаат во Европа и американскиот континент. „Глобал Ситизен Солушнс“ го објави својот Глобален извештај за пензионирање 2025, се базираше на анализата на 20 индикатори групирани во шест области: административна постапка, државјанство и мобилност, економија, оптимизација на даноците, квалитет на живот и безбедност и интеграција.
Една од главните мотивации на луѓето што се селат во странство е потрагата по место каде што ќе имаат подобар квалитет на живот. Луѓето исто така бараат политичка стабилност и безбедност, а во Европа е важен и здравствениот систем.
Португалија е прогласена за најдобра земја за живот по пензионирањето. Нуди виза за граѓани надвор од Европската Унија кои имаат стабилен приход како што се пензиите.
Португалската програма за визи за пензионери е водечки модел во последните десет години. Земјата инвестираше многу во привлекување инвеститори, пензионери и дигитални номади. Португалија постигнува и одлични резултати во однос на квалитетот на живот. Според Светскиот индекс на мир, таа е најбезбедната земја во Европа и една од најбараните дестинации за пензионирање.
За да аплицирате за виза, потребен е минимален приход од 870 евра. По пет години престој, се стекнува право на постојан престој или државјанство. Даночниот систем на Португалија вклучува приход од странство, но земјата нема данок на богатство или наследство за членовите на блиското семејство. Другите подлежат на данок на пренос на имот од 10 проценти. Португалија е позната и по својата програма „златна виза“, која овозможува стекнување на престој или државјанство преку инвестиции, но без инвестирање во недвижности. Од нејзиното лансирање во 2012 година, преку програмата се собрани повеќе од 7,2 милијарди долари, при што Американците го сочинуваат најголемиот број нови носители.
Маврициус, е исклучок на оваа листа на земји, бидејќи доаѓа од африканскиот континент, се најде на високо второ место, бидејќи тамошните власти вложија напори да воспостават транспарентна постапка. Маврициус нуди 10-годишен статус на престој за пензионери над 50 години, под услов да имаат месечен приход од 2.000 долари или 24.000 долари годишно. Статусот може да се обнови за дополнителни 10 години, а во апликацијата може да биде вклучен и брачниот другар или животниот партнер на детето. Земјата нема данок на странски доход, нема данок на богатство и наследство, пренесува Н1.
Десетте најдобри земји за пензионирање во 2025 година:
1. Португалија
2. Маврициус
3. Шпанија
4. Уругвај
5. Австрија
6. Италија
7. Словенија
8. Малта
9. Латвија
10. Чиле
Фото Економија и бизнис