Економија

„Есенска реформа“ за рестарт на германската економија, најави канцеларот Мерц

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави во Бундестагот за време на одложената дебата за буџетот за 2025 година дека планира да спроведе „смели реформи“, но понуди малку конкретни детали. Тој вети „есенска реформа“ за рестартирање на најголемата економија во Европа, која стагнира трета година по ред.

Мерц нагласи дека зборува за „иднината на земјата“ и најави далекусежни пензиски реформи, попрагматична и економски поволна енергетска политика, како и промени во системот за социјална заштита што би охрабриле повеќе возрасни лица да влезат на пазарот на трудот. Покрај тоа, тој спомена помали мерки во подготовка, како што се даночни олеснувања за пензионерите кои работат со скратено работно време, но не ги прецизираше клучните елементи на големиот пакет реформи, објавува Еуроактив.

Германија се соочува со губење на работни места во клучните индустрии (хемиската и автомобилската), што ги зголемува стравувањата од долгорочен економски пад. Мерц ја повика својата владејачка коалиција од христијанските демократи и социјалдемократите, која е на власт од мај, заедно да ги надминат предизвиците.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано