Економија

Бундесбанка очекува благ економски раст на Германија во третиот квартал

Во третиот квартал годинава БДП на Германија би можел малку да се зголеми, објави денес Германската федерална банка, додека владата на Фридрих Мерц започнува „есенски реформи“ за оживување на економската активност.

Благото летно закрепнување би спречило економијата да падне во техничка рецесија - кога економската активност опаѓа два последователни квартали.

Бруто домашниот производ (БДП) се намали за 0,3 проценти во вториот квартал, наведе Бундесбанка во својот месечен билтен.

Таа оцени дека германската економија „покажува релативна цврстина во тешка средина“.

Подобрувањето е особено очекувано во индустријата, која е силно погодена од високите цени на енергијата и конкуренцијата, особено од Кина, и сега мора да се справи со дополнителни американски царини.

Германската индустрија, предводена од автомобилската и машинската индустрија, „останува силна и би можела да го поддржи растот во третиот квартал“, напоменуваат во  Бундесбанка.

Во градежниот сектор, сè уште се очекува закрепнување, се предвидува дека приватната потрошувачка ќе се зголеми малку, додека бројот на невработени надмина три милиони во август, што предизвика незадоволство кај населението.

Неколку германски институти ги намалија своите прогнози за раст за 2025 година на почетокот на септември. Се очекува германскиот БДП да порасне за 0,1 до 0,2 проценти во споредба со прогнозата од 0,3 проценти ова лето, по намалувањата во 2023 година (-0,7 проценти) и 2024 година (-0,5 проценти), пренесува Данас.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано