Бизнис
Просечната плата во Хрватска над 1.400 евра
19.09.2025
Во јули просечната месечна нето плата исплатена по вработен кај правни лица во Хрватска изнесуваше 1.437 евра, што е номинално за 9,3 проценти повисока и реално за пет проценти повисока на годишна основа, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика .
Во споредба со платата за јуни оваа година, просечната нето плата за јули беше номинално пониска за 0,5 проценти и реално пониска за 0,9 проценти.
Највисока просечна месечна исплатена нето плата е забележана во секторот за воздушен транспорт, во износ од 2.353 евра, а најниска во производството на облека е 937 евра.
Медијалната нето плата за јули во Хрватска изнесуваше 1.249 евра, што значи дека половина од вработените имале помалку, а половина повеќе од тој износ. Во споредба со јуни оваа година, јулската медијална плата беше повисока за 1,3 проценти, а во споредба со јули минатата година, за 10,5 проценти, пренесува Индекс.хр.
Фото Економија и бизнис