Бизнис
Квартален раст на просечната плата во Србија
19.09.2025
Просечната нето плата пресметана во Србија за вториот квартал од оваа година изнесувала 108.016 динари и во споредба со истиот период од претходната година, таа е номинално повисока за 10,8 проценти, а реално за 6,4 проценти, објави денес Републичкиот завод за статистика.
Во споредба со првиот квартал од оваа година, просечната нето плата пресметана за вториот квартал е номинално повисока за 1,6 проценти, а реално за 0,6 проценти.
Просечната плата без даноци и придонеси бележи тренд на раст од почетокот на годината и во јуни, со износ од 107.075 динари, достигна раст на годишно ниво од 11,8 проценти номинално, односно 6,9 проценти реално.
Фото Економија и бизнис