Општество
ЕКОНОМСКАТА ДИПЛОМАТИЈА Е ПРИОРИТЕТ НА ФРАНЦИЈА
Лидија Георгиева
Авторката е дизајнер, вонреден професор
Посета на Францускиот Министер за Европски Прашања, Господинот Арлем Дезир
Неодамна во Скопје престојуваше Господинот Арлем Дезир, Министер за Европски Прашања, познат во Француската јавност уште од своите почетоци во осумдестите години како прв претседател на организацијата СОС расизам. Во набиената агенда, меѓу другите, беа остварени средби со Претседателот на Република Македонија Иванов, со Премиерот Никола Груевски, со Министерот за надворешни работи Никола Попоски, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања господинот Фатмир Бесими, како и со Зоран Заев од најголемата опозициска партија. По тој повод во просториите на француската резиденција, беше организирана средба со делот од бизнис заедницата со француско македонски фирми, како и со групата за економска мобилизација. Оваа група беше креирана со цел да се засили поддршката на потенцијалните инвеститори во земјата. Таа се состои од претставници на постоечките француски фирми, Сосиете Женерал - Охридска Банка, Бриколаж, Карфур, групата Акор, Фејмс и тн. Како член на групата, имав чест и задоволство да присуствувам на оваа средба и да ги пренесам одговорите на Министерот Дезир на темите кои беа опфатени, заедно со актуелните приоритети на Франција. Во продолжение следат ставовите на господинот Дезир.
Прочитајте повеќе во печатеното издание