Бизнис

Во Германија има рекорден род на компирот, цените во пад

Годинава Германија очекува рекордeн rod на компири, што дополнително ќе ја намали цената. Процените на домашните фарми за годинашниот принос е  околу 13,4 милиони тони, што е 5,3 проценти над минатогодишната „реколта“ и за 7 проценти над повеќегодишниот просек.

Површината засеана со компири во Германија  изнесуваше 6,7 проценти, или 301.000 хектари, што е повеќе од минатата година и најголема од 2000 година.

Просечниот принос од 44 тони на хектар, е за пет проценти над повеќегодишниот просек.

По прилично влажната зима следеше топла и сува пролет, а особено топлиот и сув мај беше проследен со доволно врнежи од дожд, но не доволно за да се зголеми ризикот од растителни болести. Добриот принос ги  намали цените на еден од клучните прехранбени производи на домашниот пазар.

Годинава откупната цена на младите компири беше за околу една третина пониска од минатата година, а во август потрошувачите во малопродажните продавници плаќаа 15 проценти помалку за компири отколку 12 месеци претходно, пренесува Сеебиз.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано