Lifestyle

Дом каде технологијата и удобноста се спојуваат

Дали посакувате дом каде технологијата тивко работи за вас создавајќи хармонија? Денес, со паметните апарати за домаќинството на Samsung, секојдневието добива нова димензија – поинспиративна, поефикасна и поврзана.

Фрижидер со голем екран – центар на твојата кујна

Твојата кујна станува вистински смарт центар со фрижидерот со 21.5-инчен Full HD екран. Фрижидерот веќе не е само место за чување намирници, туку интерактивна табла за рецепти, листи за купување, календар и забава. Додека готвиш, можеш да пуштиш музика или видео, а со вградените камери секогаш знаеш што има внатре и кои намирници недостасуваат, дури и кога си надвор од дома. Со стилскиот дизајн и интелигентните системи за ладење, храната останува свежа подолго, а кујната добива модерна, футуристичка нота.

Bespoke Jet Ultra правосмукалка – моќ и слобода во едно

Чистењето никогаш не било полесно. Со Bespoke Jet AI Ultra правосмукалката, добиваш неверојатна моќ на вшмукување и леснотија во секој агол на домот. Батеријата со долготрајна автономија ти овозможува безжично и слободно чистење, а системот за филтрација обезбедува чист воздух без алергени и прашина. Ова е совршениот сојузник за брз, ефикасен и безбеден дом – секогаш спремен за гости или за нови семејни моменти.

Машина за перење со AI Wash – интелигенција што штеди време и енергија

Секојдневните задачи стануваат поедноставни соновите Bespoke машините за перење. Благодарение на AI Wash технологијата, таа интелигентно ја одредува количината на детергент и вода според типот и тежината на алиштата. Така, добиваш совршено чистење, а притоа заштедуваш енергија и време. Со капацитет од 9 кг и A-55% енергетска ефикасност, оваа машина е идеална за модерни семејства што сакаат практичност без компромиси.

Сè поврзано со SmartThings

Она што ги прави овие уреди навистина уникатни е нивната поврзаност преку SmartThings. Од твојот телефон можеш да провериш состојбата на фрижидерот, да видиш колку батерија има правосмукалката или да добиеш нотификација кога перењето е готово. Така, целиот дом станува паметен екосистем каде ти ја имаш контролата – лесно, брзо и од било каде.

Живот без компромиси

Со овие Samsung апарати за домаќинството, домот не е само функционален, туку тој станува простор што инспирира. Повеќе време за семејството, повеќе енергија за креативност, повеќе удобност во секојдневието. Направи го чекорот кон паметен и модерен дом – затоа што иднината почнува во твоето секојдневие.

Продолжена гаранција на одбрани апарати за домаќинство

Сега можте да добиете подолготрајна гаранција за вашите нови Samsung апарати во домаќинството. Искористете ја промотивната понуда за продолжена гаранција на одбрани апарати за домаќинството, и добијте 5 години гаранција (2 години редовна + 3 години продолжена гаранција) за одредени модели на Samsung фрижидери, машини за перење алишта, вградувачки кујнски уреди, машини за сушење алишта и комбинирани машини за перење и сушење. Повеќе информации за промоцијата прочитајте тука.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано