Вести
Студен бран од Русија ќе ја зафати Европа, најстудено во Србија, Македонија и Бугарија
29.09.2025
Студените ветрови од североисток го влечат арктичкиот воздух директно од Русија кон срцето на Европа, кои ќе донесат екстремно ниски температури низ централна Европа и Балканот.
Најизразено влошување на времето ќе дојде во четврток и петок, кога температурите ќе паднат под нулата на околу 1.250 метри надморска височина, па дури и 10 степени под просекот за почетокот на октомври. Во некои области, ќе биде до 15 степени постудено од вообичаеното.
- Ова ќе биде најстудениот период од есента досега – предупредуваат од Severe Weather Europe.
Централна Европа ќе го почувствува најголемото влијание на студениот бран: Германија, Чешка, Словачка, Австрија, Унгарија и Словенија, каде што температурите ќе паднат на нула или под неа. После тоа, студот се спушта кон Балканот и Медитеранот. Во Хрватска, БиХ и Црна Гора во текот на викендот утринските температури ќе се движат помеѓу -2 и -5 °C.
Најстудено ќе биде на југот на Србија, во Македонија и западна Бугарија, каде што се можни и утрински минимуми од -6 °C.
Судирот на студената воздушна маса со потоплиот медитерански воздух ќе донесе дожд и бури, особено во Грција. Планините во регионот очекуваат и обилен снег - до половина метар и нова покривка помеѓу четврток и недела во БиХ, Црна Гора, североисточна Албанија, Македонија и западна Бугарија.
Студот нема да трае долго. Постепено затоплување се очекува од сабота навечер, а враќање на многу потопло време од недела и следната недела, пренесува Н1.
Фото Економија и бизнис