Финансии / Банкарство

ОДРЖУВАЊЕ НА БАНКАРСКА СМЕТКА БЕЗ НАДОСМЕСТ, во Хрватска ќе се применува пакетот на бесплатни банкарски услуги

Од 1 јануари 2026 година, во Хрватска ќе стапат во сила измените на Законот за споредливост на надоместоците, префрлање на сметки за плаќање и пристап до основна сметка. Хрватскиот парламент одлучи дека на граѓаните повеќе нема да им се наплаќа надомест за одржување на банкарска сметка на која добиваат редовен приход. Оваа бесплатна сметка ќе биде вклучена во пакет со неколку други бесплатни банкарски услуги, пишува N1, во разговор со претставници од Хрватското банкарско здружение.

На клиентите нема да им се наплаќа надомест за склучување договор и користење на овој пакет. Клиентите кои добиваат редовен приход можат да ја задржат својата постоечка сметка со бесплатниот пакет услуги. Активирањето на бесплатниот пакет услуги не значи автоматско затворање на постоечката сметка, но корисникот може да продолжи да ја користи истата сметка со новиот пакет, објавува N1.

Законските измени јасно наведуваат кои услуги не смеат да се наплаќаат во рамките на сметка со редовен приход со бесплатниот пакет услуги. Ова значи дека на клиентите нема да им се наплаќа за отворање, одржување и затворање сметки, а ќе имаат и пристап до интернет или мобилно банкарство, во зависност од тоа што нуди секоја банка. Дополнително, тие ќе можат да внесуваат и подигаат готовина на шалтерите и банкоматите на банката (со исклучок на обработка на монети), да примаат национални и прекугранични трансакции во евра и да користат услуги за издавање и користење на дебитни картички, без дополнителни трошоци. Плаќањата со таа картичка на физички продажни места се исто така вклучени во пакетот бесплатни услуги.

Новата бесплатна сметка предвидува можност за задржување на постојниот IBAN, што значи дека клиентот нема да мора да го менува бројот на сметката. Бесплатниот пакет вклучува издавање на дебитна картичка и нејзино користење без надомест. Деталите како што се издавање нова картичка и ПИН ќе ги утврди банката во согласност со сопствената деловна политика, но нема да има дополнителни трошоци за клиентот, пренесува Пословни дневник.


 

Фото Економија и бизнис


 

ПРЕПОРАЧАНО