Lifestyle

Возачите снимани со „нелегални“ камери за мерење на брзината! - возачите во Италија масовно бараат поништување на казните

Италијанското Министерство за инфраструктура и транспорт издаде декрет со кој се бара од општините да достават податоци за уредите за мерење на брзина до 30 ноември, со што официјално започнува национален попис на сите сообраќајни камери.

Од 1 декември, сите нерегистрирани уреди ќе мора да бидат деактивирани, а возачите ќе можат да ги оспорат и поништат казните изречени врз основа на нивните мерења.

Доколку општините сакаат да продолжат да ги користат уредите, ќе мора да ги внесат своите податоци во системот: име, сериски број, детали за одобрување или обновување од страна на министерството, катастарски код, тип на уред, локација и други технички информации.

Општините имаат 60 дена за внесување податоци. Ова значи дека, од 1 декември, сите камери што не се регистрирани ќе мора да се деактивираат и не можат да се користат.

„Внесувањето податоци за секој уред е неопходен услов за негова легитимна употреба“, објавиja од италијанското министерството. Затоа, казните изречени по 30 ноември врз основа на нерегистрирани камери ќе се сметаат за неважечки, бидејќи се издадени врз основа на „нелегални“ уреди. Ова отвора простор возачите да поднесат жалба и да побараат поништување на казната.

Сепак, новата платформа не го решава долгогодишниот проблем со хомологацијата. Во 2024 година, Врховниот суд на Италија пресуди дека казните издадени преку одобрени, но нехомологирани уреди се нелегални, што предизвика бран жалби од возачите.

Проблемот се однесува на разликата помеѓу одобрување (административна постапка) и хомологација (техничка потврда), кои се потребни за уредот да биде валиден, пренесува Курир.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано