Бизнис

Најголемиот комплекс во регионот ќе има 20.000 станови за цена од 1.000 евра за квадрат

Повеќе од 10.000 граѓани во Црна Гора  го искажаа својот интерес за купување на недвижност  за домување во Веље Брдо, најголемиот станбен проект што се планира да биде изграден до 2026 година по цена од 1.000 евра за квадратен метар, со поволни услови за отплата од 30 години и каматна стапка од 1,2 проценти.

Во август, Владата на Црна Гора го усвои просторниот и урбанистички план на главниот град Подгорица, чија главна новина е новата населба Веље Брдо.

Проектот предвидува изградба на до 20.000 станбени единици, со површина од 60 и 100 квадратни метри. На површина од повеќе од 900 хектари, планирани се околу 4,5 милиони квадратни метри изградени површини, наменети за домување и деловни објекти, станбени згради и приватни куќи. Во рамките на комплексот ќе бидат обезбедени дополнителни содржини: училишта, градинки, здравствени установи и деловни простории.

Ќе има околу 57 проценти од парковските површини, речиси 500.000 квадратни метри се планирани за спорт и рекреација, додека околу десет хектари ќе бидат под водни површини.

Во новата населба-град  би можеле да живеат до 40.000 жители.  Почетокот на изградбата се очекува кон крајот на 2025 година, додека првите станари треба да се вселат кон крајот на 2026 година или почетокот на 2027 година, пренесува Бизнис.рс.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО