Економија
Цените на угостителските услуги во септември 2025 година се зголемени за 4.7 %
07.10.2025г
Цените на угостителските услуги во септември 2025 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 4.7 %.
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5.2 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1.9 %.
Главни поенти
Цените во угостителството, по групи во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, се зголемени кај групата Безалкохолни пијалаци за 0.1 %, додека кај групите Храна, Алкохолни пијалаци и Ноќевања не се забележани промени.