Финансии / Банкарство
Трошоците за живот повисоки за 4 отсто, цените се повисоки за 4,1 отсто, месечен пад на инфлацијата во септември
07.10.2025
Индексот на трошоците на животот во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи зголемување од 4,0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4,1 %.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, изнесува -0,2 %.
Намалувањето на инфлацијата во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 3,3 %, Ресторани и хотели за 1,3 %, Рекреација и култура за 0,7 %, Облека и обувки за 0,3 %, Разновидни стоки и услуги за 0,2 % и Храна и безалкохолни пијалаци за 0,1 %.
Во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 2,8 %, Комуникации за 1,8 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,8 %, Здравје за 0,4 % и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,3 %.
Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во септември 2025 година во однос на август 2025 година изнесува 99.3.
Главни поенти
Во септември 2025 година во однос на август 2025 година:
- Стапката на инфлација е -0,2
- Во групата Транспорт е -3,3 %
Фото Економија и бизнис