Lifestyle
Во центарот на Фиренца може да се пие кафе за едно евро!
07.10.2025
Историскиот бар „Pjaci della Signoria“ им нуди на граѓаните на Фиренца кафе за едно евро наречено „Il Caffè del fiorentino“ (Фирентинско кафе).
Од октомври, и без временско ограничување, жителите на Фиренца и околните општини можат да нарачаат еспресо за само едно евро, наместо вообичаените 1,80 евра, пишува РТС.
Целта е да се испрати симболична порака: да се врати историскиот центар на граѓаните, кои се обесхрабрени од високите цени и масовниот туризам.
„Фиренца мора да остане дом на нејзините жители. Кафето за едно евро може да изгледа малку, но може да значи многу“, додава Фалани.
Според процените, просечната цена на еспресо во Италија би можела да достигне две евра до крајот на 2025 година, менувајќи ги навиките на потрошувачите. Кафето останува составен дел од италијанското секојдневие, но шолјата во бар сè повеќе станува мал луксуз за граѓаните.
Фото Економија и бизнис