Бизнис
Нови промени во сопственичката структура на Македонијатурист АД
08.10.2025г
Во соопштенија доставени до Македонската берза од компанијата информираат дека акционерот ДРУШТВО ЗА ВНАТРЕШЕН И НАДВОРЕШЕН ПРОМЕТ ЧЕЗАКОМЕРЦ СИМЕОН РОБЕРТО И ВИКТОР ДОО "ЧЕЗАКОМЕРЦ", продаде 29.998 односно 6,63% од вкупниот број обични акции и сега не поседува акции во Друштвото.
Исто така, акционерот Симеон Павлов, продаде 47.366 односно 10,47% од вкупниот број обични акции и сега не поседува акции во Друштвото.
Нов сопственик на 10,76% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист АД е акционерот Јусуф Камбер кој купи 48.671 акции.