Економија

Патувањето со брзи железници од Атина до Истанбул би траело четири часа!

Во следните 20 години Европската Унија планира да изгради континентална мрежа од брзи железници што треба да ги поврзе сите поголеми градови и поголемите урбани центри.

Проектот наречен Европска мрежа за брзи железници, кој го промовира здружението ЦЕР (Заедница на европски железнички и инфраструктурни компании), наскоро треба да добие официјално одобрение од Европската комисија. Станува збор за најголемиот инфраструктурен проект во историјата на ЕУ, вреден 546 милијарди евра, чија цел е да создаде побрз, позелен и поотпорен европски транспортен систем.

Планот предвидува повеќе од 49.400 километри нови и модернизирани пруги, по кои возовите би се движеле со брзина помеѓу 250 и 350 километри на час. Новата мрежа ќе ги опфати сите поголеми градови, но и поголеми агломерации со повеќе од 250 илјади жители, како што се Солун, Љубљана, Краков или Марсеј, пренесува Тпортал.

Алберто Мацола, извршен директор на ЦЕР, истакна дека целта на проектот е железницата да се претвори во главна форма на транспорт во Европа. Според проценките на ЦЕР, 50 проценти од патувањата на долги релации во иднина ќе се одвиваат со брзи возови, а 20 проценти од нив сè уште ќе користат конвенционални линии, објави „Еуроњуз“.

Според плановите, патувањето од Атина до Истанбул би траело четири часа, додека од Мадрид до Милано би траело помалку од шест часа. Ова би ги направило брзите возови сериозен конкурент на воздушниот транспорт на пократки релации.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано