Бизнис

Цирих на врвот на листата на градови со најскапи станови во Европа

Швајцарските градови продолжуваат да ја предводат листата на најскапи недвижности во Европа. Според податоците од Дојче Банк, наведени се 10 европски градови со најскапа цена по квадратен метар. Во 2025 година, просечната пазарна цена по квадратен метар стан во центарот на Цирих изнесува 20.347 евр.

На второ место е Женева со просечна цена од 18.267 евра по квадратен метар, додека Лондон го зазема третото место со 17.810 евра. По нив следуваат Париз (12.143 евра), Минхен (11.387 евра) и Луксембург (10.056 евра), кои се исто така на врвот на листата на најскапи пазари на недвижности во Европа.

Групата градови со малку пониски, но сепак многу високи цени ги вклучува Стокхолм (10.034 евра), Виена (9.249 евра), Амстердам (9.173 евра) и Осло (8.942 евра), пренесува Пословни дневник.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано