Бизнис
На Златибор ќе се гради аеродром!
08.10.2025
Најпосетуваната српска планина се стреми да стане светски туристички центар за што постои проект за изградбата на аеродромот на Златибор, што ќе ја комплетира и заокружи туристичката понуда. Претседателот на општина Чајетина, Милан Стаматовиќ, го најави почетокот на реализацијата на проектот за изградба на аеродромот на Златибор.
„Во првата фаза од работите, пистата ќе биде долга околу 700 метри, во втората 1.200 метри, а конечната должина ќе биде 2,5 километри, изјави Стаматовиќ за агенцијата Рина.
Според него, идејата за изградба на аеродром на Златибор за мали и лесни аеродроми е стара повеќе од две децении, но условите за нејзина реализација се создадени дури сега.
Но сега можностите се многу поголеми и пистата долга 2,5 километри ќе овозможи слетување и на поголеми авиони, пренесува Бизнис.рс.
Фото Економија и бизнис