Бизнис

Од Кембриџ до Скопје, следното поглавје продолжува - ИДЕА ЛАБ домаќин на следниот PROI EMEA Регионален самит во 2026

Од 24 до 26 септември 2025 година, македонската агенција за маркетинг и односи со јавност, ИДЕА ЛАБ учествуваше во PROI EMEA Регионалниот самит во 2025 година во Кембриџ, насловен како „Следното поглавје“.

ИДЕА ЛАБ речиси 5 години е дел од PROI, глобална мрежа на агенции за комуникации, а досега има учествувано на бројни самити во Дубровник, Братислава, па сѐ до Каиро и Кембриџ. Агенцијата постои од 2013 година и е избрана како официјален гостин-домаќин за PROI EMEA Регионалниот самит наредна година во 2026, кој ќе се случува во Скопје.

Годинешните домаќини на регионалниот PROI самит, агенцијата KISS Communications од Англија, на едно место ги собраа најдобрите европски агенции за комуникации, во склоп на глобалната PROI мрежа на партнерски агенции. Главната фокална точка на која се фокусираа најдобрите европски комуникатори на овој сами беше насочена кон „што е потребно за агенциите да продолжат да бидат неопходни и утре? - Како можеме да останеме релевантни?“

Во една од ударните сесии, свое видување за односот клиент-агенција го споделија и дел од клиентите на Кис Комуникации. Нивниот заклучок беше дека со цел да останат конкурентни, тие преферираат да се предизвикани од страна на своите агенции, кои треба да размислуваат поинаку од останатите, со идеи со кои ќе се издвојат, но и кои се изводливи во реалниот свет.

„Голема благодарност до Кис Комуникации и за прекрасното гостопримство, кое го укажаа на сите присутни агенции-учеснички во склоп на регионалниот самит оваа година. Секоја есен, PROI семејството од кое сме дел веќе неколку години како единствена македонска агенција, а од кое се учи и се надградуваат капацитетите на ИДЕА ЛАБ 365 дена во годината, организира регионален самит за EMEA регионот. Од придобивките на оптималното користење на вештачка интелигенција и практичните форми при креирање приказни, кои допираат полесно до новите генерации во модерната доба, се само дел од суштинските лекции од овој самит. На крајот од денот, не смееме да заборавиме, секогаш треба да се потсетуваме дека сите ние сме студенти и мора да учиме и да се надградуваме постојано, за да сме во чекор со дигиталниот свет и конкуренцијата,“ - изјави Љупка Андоновска, креативен директор во ИДЕА ЛАБ, а воедно и модератор и спикер во склоп на сесијата Showcase Lab за најдобрите кампањи во регионот на самитот во Кембриџ.

Агенцијата ИДЕА ЛАБ пред бројни агенции од цела Европа, како една од најдобрите кампањи ја претстави кампањата за ЕМОФ - Европскиот Младински Олимписки Фестивал 2025.

„Она што е одлично на овој самит во Кембриџ е што со PROI секогаш може да се искуси духот на великодушност и отворен пристап. Нешто кое е придобивка за сите, вклучувајќи ја и ИДЕА ЛАБ. Учесниците на овој самит, се секогаш отворени за споделување знаење и нови пријателства, перспективата од нивните агенции, а истото креира чувство на припадност на сеопфатно слично искуство, кое го делиме како агенции од европскиот регион“, - изјави Сара Рикс, генерален директор во KISS Комуникации, гостин-агенција на годинешниот регионален PROI самит.

Рикс воедно сподели дека Кембриџ допринесува дури 30 милијарди фунти во британската економија на годишно ниво, а е дом на 125 Нобеловци.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано