Економија

Се продлабочува јазот меѓу богатите и сиромашните во Велика Британија

Јазот меѓу богатите и сиромашните во Велика Британија е во пораст, а просечниот работник денес не може да заштеди доволно во текот на својот работен век за да се искачи меѓу најбогатите, се наведува во извештајот на Фондацијата „Резолуција“.

Анализата на овој истражувачки центар, покажа дека на работниците со просечна плата ќе им бидат потребни 52 години за да акумулираат заштеди што ќе ги однесат од средната класа до врвот на синџирот на распределба на богатството, објави Скај њуз. Таквата класна промена би барала сума од околу 1,3 милиони фунти, под претпоставка дека работниците со просечна плата ќе го штедат целиот свој месечен приход.

Во извештајот се наведува дека економскиот јаз е „длабоко вкоренет“, што значи дека животниот стандард повеќе зависи од семејното потекло и имотот на родителите отколку од трудот и вложениот напор. 


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано