Економија

Почнаа обуки за јавната администрација за користење на модернизираниот ИСУЧР

Министерството за јавна администрација денеска официјално започна со првиот циклус на обуки за користење на модернизираната верзија на Информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР), клучна алатка во дигиталната трансформација на јавниот сектор.

Целта на обуките, кои се одвивале паралелно на две локации, како што информираат од Министерството, е да се овозможи детално запознавање на институциите со новите функционалности на системот, неговата практична примена, како и да се обезбеди унифицирано и ефикасно користење низ целиот јавен сектор.

- Системот ИСУЧР, кој досега беше нефункционален и ограничено употребуван, сега е целосно обновен, функционален, технолошки унапреден и, за првпат, во целосна сопственост на државата.  Новата верзија овозможува централизирана пресметка на плати, дигитално управување со човечки ресурси, мобилност и кариерен развој во реално време, интероперабилност со други државни системи, како и директен пристап на секој вработен до сопственото електронско досие, се наведува во соопштението.

Од Министерството за јавна администрација посочуваат дека со овие обуки ќе бидат опфатени сите јавни институции, со цел до крајот на 2026 година целосно да се интегрираат во ИСУЧР. Обуките се задолжителни за сите вработени задолжени за човечки ресурси и ќе бидат поддржани со постојана техничка поддршка.

-Системот ќе се ажурира редовно, на секои шест месеци, според реалните потреби и технолошкиот напредок, нов стандард во јавната администрација на Република Македонија. Министерството за јавна администрација останува посветено на создавање ефикасни, транспарентни и европски институции што работат за граѓаните, се посочува во соопштението.


Фото: Министерство за јавна администрација 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано